Аргентина со судиска помош до победа против Русија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Репрезентацијата на Аргентина во пријателски натпревар одигран во Москва со минимален резултат (1:0) славеше против селекцијата на Русија.

Единствениот гол на средбата го постигна Серхио Агуеро во 86. минута по убавата акција на Меси и Павон. Сепак, словенскиот судија Скомина пропушти да досуди чист офсајд при додавањето на Меси кон Павон.

Аргентинците беа подобар противник во текот на целиот натпревар и може да се каже дека заслужено го добија овој дуел.

За Серхио Агуеро ова беше 35. гол во неговиот 83. натпревар за „Гаучосите“.

Инаку ова беше прв натпревар на реновираниот „Лужники“ стадион и прв натпревар кој беше одигран со новата топка на Адидас, Телстар.