Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марко Арнаутовиќ истакна дека е подготвен да си замине од Вест Хем со цел да обезбеди трансфер во клуб кој игра во Лигата на Шампионите.
Зборувајќи за австриските медиуми додека е на должност во репрезентацијата на Австрија, Арнаутовиќ истакна: „Имам 29 години, кои се најдобри години за еден фудбалер. Јасно е дека сакам да се натпреварувам со најдобрите играчи. Но во оваа работа, целосно му верувам на мојот брат и агент“ –коментираше Арнаутовиќ.
Токму братот на Марко Арнаутовиќ, Даниел истакна дека не е невозможно дека неговиот брат и клиент ќе го напушти Лондон оваа зима.
„Тој веќе игра во Премиер лигата и е во најдобрите години. Но за играч како Марко ова не може да биде крај. Тој е голем дел од Вест Хем,но мислам дека е можно да добие многу повеќе. За да се случи тоа, тој мора да игра за топ тим“ –заклучи Даниел Арнаутовиќ.