Арсенал го договорил првото јануарско засилување, играчот веќе е во Лондон


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Медиумите во Англија пишуваат дека „Топчиите“ веќе го договориле првото јануарско засилување.

Станува збор за играчот на Реал Ваљадолид, Фернандо Калеро кој игра во одбраната и би му бил од голема помош на Емери во следниот период со оглед на фактот што Арсенал се соочува со голем број повредени фудбалери од последната линија.

23 годишниот стопер е стандарден член на Ваљадолид и ги има одиграно сите минути во Ла Лига оваа сезона.

За неговите услуги клубот од Лондон ќе треба да издвои нешто помалку од десет милиони фунти.