Арсенал го продолжи договорот со Шпанецот


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Шпанскиот фудбалер, Белерин денес официјално потпиша нов договор со Арсенал.

    Белерин веќе неколку недели се поврзува со Барселона, но тој со потписот на договорот ги демантираше тие шпекулации.

    Тимот од Лондон денес официјално потврди дека потпишале договор со 21-годишниот фудбалер.

    Овој фудбалер стигна во Арсенал во 2013 година и стана еден од омилените на публиката.

    Во дресот на Арсенал досега одигра 86 натпревари. Сеуште не е познато на колку сезони го продолжил договорот, но медиумите шпекулираат дека тој таму ќе остане до 2023 година.

    „Само што потпишав нов договор со Арсенал и пресреќен сум. Овде сум веќе неколку години и сакам да останам.“