Арсенал носи големо засилување од Јувентус


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека од Арсенал се заинтересирани за услугите на сега веќе поранешниот генерален директор на Јувентус, Џузепе Марота.

Извор близок на Бјанконерите за „тутоспорт“ изјавил дека од Арсенал му понудиле плата од три милиони евра за Марота да се пресели во Лондон.

За популарниот Бепе постои интерес и од двата милански клуба, Интер и Милан, а неговата иднина ќе биде позната по 25 октомври кога и официјално ќе му заврши мандатот во Јувентус.