„Арсенал сакам да го видам на тронот“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Гранит Џака игра многу добро во дресот на Топџиите во оваа сезона.

    Задоволството од Англија и Арсенал не го криеше, дури напротив, рече дека не погреши во ниту еден момент во изборот на новата средина.

    „Во секој натпревар го давам својот максимум. Немам некој ритуал пред натпревар, туку излегувам на терен и зборувам со своите дела. Сакам само што подобри резултати и Арсенал на тронот во Премиер лигата“, рече во едно интервју, Гранит Џака.

    Гранит и друштвото денеска играат дерби натпревар со екипата на Челси на својот терен од 18:30 часот.