Арсенал се мачеше во Белград, Лацио го доби дербито со Ница


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во еден од најинтересните натпревари од 3. коло во Лигата на Европа, во рамките на групата К, Лацио ја доби пресметката против Ница на Азурниот брег.

Иако францускиот тим го отвори резултатот уште во 4. минута преку Марио Балотели, Италијанците на крајот славеа со 3:1.

Небесно сините го изедначија резултатот веќе во следниот напад. Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ Савиќ со глава топката ја спушти во срцето на шеснаесетникот, а лошата реакција на голманот и еден домашен играч ја искористи Каиседо кој го изедначи резултатот.

Во 65. минута повторно овие двајца играчи беа во прв план. Каиседо асистираше, а Милинковиќ Савиќ без поголем проблем ја смести топката во голот на Ница. Истиот играч погоди и за конечни 3:1 за Лацио.

Во втората средба од оваа група Цулте Варегем и Витесе ги поделија бодовите играјќи 1:1. Ова беа први бодови за овие две екипи во групната фаза.

Црвена Звезда е поразена од Арсенал со резултат 0:1. Во поголемиот дел од натпреварот Арсенал доминираше, но Звезда имаше неколку опасни прилики. Сепак, во 85. минута победа за „Топчиите“ донесе Оливие Жиру со одличен погодок.

Резултати Лига Европа (19:00)

Астана- Макаби 4:0

Бате- Келн 1:0

Хапоел- Стеауа 1:2

Лугано- Плзен 2:3

Марсеј- Виториа 2:1

Остерундс- Атлетик Билбао 2:2

Зорја- Херта 2:1