„Арсенал сеуште може да ја освои титулата!“

Дефанзивецот на Арсенал, Мустафи верува дека неговиот тим сеуште може да ја освои титулата во Англија.

Иако тимот со поразот од Челси падна на 4-та позиција со 12 бодови помалку, Мустафи верува дека тие до крајот на сезоната може да го стигнат Челси.

„Верувам во освојување на титулата. Знам дека е тешко, но не се откажувам. Ни треба и многу среќа, но ќе се бориме до крајот. Знам дека е сеуште тешко, но не се откажувам. Немаме намера да се предадеме и постои теоретска шанса за титулата.“

Тој постигна 1 гол на 17 натпревари во ПЛ, но Арсенал игра се послабо во лигата.

Арсенал најпрво ќе игра против Хал во лигата, а потоа и против Баерн Минхен во ЛШ.