ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Како што пишуваат медиумите во Англија и Холандија, Арсенал во јануари ќе тргне по 22 годишниот играч на ПСВ, Хирвинг Лозано.
Мексиканскиот играч пристигна во ПСВ ова лето од Пачука и веќе се наметна како многу важен играч за холандскиот клуб. Младиот крилен фудбалер на 15 натпревари оваа сезона има постигнато вкупно 10 голови.
За него интерес имаше и од Манчестер Јунајтед, но ПСВ беше побрз и прв го обезбеди неговиот потпис.
Сега ривалот на Јунајтед од Премиер лигата е главен фаворит за неговиот потпис, а Лозано би ги чинел „топчиите“ 48 милиони евра.