Арсенал ќе има пеколно тешка задача на реваншот на „Емирати“ по поразот од Рен, Динамо ја совлада Бенфика (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Арсенал претрпе изненадувачки висок пораз на гостувањето во Франција кај Рен со 3:1.

Така „топчиите“ ќе имаат тешка задача да анулираат два гола негатива против францускиот противник на реванш средбата која ќе се одигра следната недела на „Емирати“.

Арсенал прв дојде до предност преку Ивоби, но потоа црвен картон доби Сократис со што дополнително ја влоши ситуацијата на теренот.

Домаќинот не чекаше многу и веднаш погоди преку Буриџеауд кој постигна феноменален погодок пред крајот на првиот дел.

Во второто полувреме Начо Монреал си постигна автогол за предност на Рен од 2:1, а конечниот резултат го постави Сар во 88. минута од средбата.

Динамо Загреб на „Максимир“ успеа да слави против тимот на Бенфика. Стрелец на единствениот погодок беше Петковиќ од пенал во 38. минута.

Ајнтрахт Франкфурт и Интер ремизираа без голови, додека реми имаше и на средбата меѓу Севилја и Славја Прага (2:2).

Вилјареал пак е единствениот тим кој славеше на гостински терен откако со 3:1 го совлада Зенит во Русија.