„АС“ со бомбастична најава: Модриќ донесе одлука


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ кој со денови се поврзува со трансфер во Интер, конечно донесе одлука.

Угледниот шпански медиум „АС“ пренесува дека хрватскиот интернационалец одлучил да остане во Реал Мадрид. Оваа вест одекна како бомба во Шпанија со оглед на фактот што досега далеку поголеми шанси му се даваа на тимот на Интер.

„Лука одлучи и ќе остане во Реал. Го раздрма понудата од Интер кој му понуди четири години во Милано и уште две години во Кина, но од извори блиски до Модриќ дознаваме дека по разговорот со семејството тој одлучил да остане во Реал. За тоа се доверил и на најблиските пријатели“ –потврди „АС“.

Сега шпанскиот клуб ќе му понуди нов договор на Модриќ со кој ќе зема плата слична на онаа на Герет Бејл и Серхио Рамос кои земаат по 11 милиони евра по сезона.