Аспас се огласи после што Рамос го плукна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу интересно видео кружи во овие денови на интернет, а главни актери се дефанзивецот на Реал Мадрид Серхио Рамос и напаѓачот на Селта Виго Јаго Аспас.

Селта го победи Реал на Сантијаго Бернабе стадионот во рамките на првиот меч од полуфиналето на Купот на Кралот со 2:1, а Аспас и Рамос водеа жестока борба во текот на целиот меч.

Во еден момент Рамос го плукна Рамос кој очигледно тоа не го примети.

Напаѓачот на Селта даде денеска изјава за шпанска Марка по повод спорната ситуација и порача дека тоа видел што се случило дури после што некој му го испратил видеото.

„Дури не ни приметив. Тоа го видов кога некој му го испрати видеото, но искрено не го приметив во тој момент. Тие работите кои можат да се случат илјади пати на теренот, нои тие остануваат на теренот“, рече Аспас.

Да потсетиме дека оваа ситуација не ја примети ни судијата па Рамос помина без јавна опомена. Ќе биде многу интересно да се следат нивните дуели во реванш мечот од четвртфиналето на Купот на Кралот.


videoplayback by goloviliga