Атлетико Мадрид го продава Ернандез поради ѕвезда на Ајакс?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атлетико Мадрид е подготвен да го продаде францускиот фудбалер Ернандез на Баерн Минхен, кој подготвил 80 милиони евра за неговиот трансфер.

Атлетико не сакаше да го пушти Ернандез, но работите се сменија, па како замена го посакуваат Матијас де Лит од Ајакс. За 19-годишниот фудбалер постои голем интерес, па се очекува голема битка на лето.

„Не знаеме каде ќе се пресели уште. Лично сметам дека може да игра во некој од најдобрите клубови во светот. Има моќ, срце, менталитет и многу други позитивни работи“, вели спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс.

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу даде зелено светло за ангажирање на одличниот стопер, но за него ќе мора да се спротистават и против Атлетико, кој се приклучи на клубовите заинтересирани за младиот фудбалер.