Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Од таборот на Атлетико Мадрид ќе започнат преговори со Монако за можен трансфер на францускиот репрезентативец, Томас Лемар.
Спортскиот директор на „Јорганџиите“ Андреа Берта веќе заминал во Франција за да се сретне со официјалните лица на Монако. Лемар ќе го чини тимот од Мадрид околу 80-90 милиони евра, сума на пари која нема да биде проблем за клубот затоа што се очекува да заработи од продажбата на Гризман.
За 22 годишниот фудбалер во минатото постоеше сериозен интерес од редовите на Арсенал и Ливерпул.















