АТП: 10 најдобри, 10 различни нации


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Откако АТП е воведена во 1973 година, никогаш не се случило барем една земја да има два претставници во најдобрите десет на крајот на сезоната.

    Токму тоа ќе биде случај и сега, бидејќи сите 10 тенисери се од различни земји.

    Прв е Енди Мареј(Шкотска), а следат Ѓоковиќ(Србија), Раониќ(Канада), Вавринка(Швајцарија), Нишикори(Јапонија), Чилиќ(Хрватска), Монфилс(Франција), Тим(Австрија), Надал(Шпанија) и Бердих(Чешка).

    Ситуацијата е слична и на ВТА делот – има 2 Американки, Вилијамс на второто и Киз на 8-то место, но ниту една друга држава нема повеќе од еден претставник во Топ 10.

    Прва е Германката Кербер, следува Серена, па Радванска од Полска, Халеп од Романија, Цибулкова од Словачка, Плишкова од Чешка, Мугуруза од Шпанија, потоа Киз, па Кузњецова од Русија и Конта од Англија.