АТП Базел: Катастрофа, само Вавринка „преживеа“ од фаворитите!


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Седум натпревари беа одиграни од 1-то коло на АТП турнирот во Базел, а место во 2-то коло обезбедија Пујол, Милер, Лоренци, Беранкис, Мајер и Вавринка.

    Беранкис направи сензација по победата против Раониќ. Тој беше подобар со 3:6, 6:3 и 6:3.

    Другото изнендување го направи Милер кој од турнирот го исфрли Димитров со 6:7, 6:4 и 6:4.

    Може да се каже дека изненадување направи и Мајер против Беное. Тој победи со 6:1, 6:7 и 6:4.

    Вавринка  беше единствен кој по долга борба успеа да стигне до 2-то коло по победата со 6:7, 6:1 и 6:4 против Марк.

    Пујол беше подобар од Лаксонен со 6:3, 3:6 и 6:2.

    Во последниот натпревар, Гофан беше подобар од Багдатис со 6:4 и 7:5.