Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес на програмата на турнирот во Еквадор се одиграа 6 натпревари.
Во поголемиот дел од натпреварите, поточно 4 натпревари видовме големи возбудувања и дури 4 пресврти.
Во првиот натпревар кој се играше веднаш по полноќ, Лапенти беше подобар од Монтеиро со 2:0 во сетови, односно 6:3 и 6:2.
Ебдин беше подобар од Велоти со 2:1 во сетови, по голем пресврт откако во првиот сет имаше негатива со 2:6, сепак се врати со 6:4 во вториот и 6:3 во третиот сет.
Карбаљес Буена без проблеми го победи Да Силва со 2:0, односно 6:3 и 6:1.
Гомез добро го отвори натпреварот против Оливо со 7:5, но потоа Аргентинецот Оливо заигра подобро и со 6:2 и 7:6 направи пресврт во натпреварот.
Кикер беше подобар од Андреоци, исто така со пресврт, односно победи со 2:1, поточно 4:6, 6:3 и 6:4.
Долгополов имаше водство против Рам со 6:3 во првиот сет и од 2:0 во вториот сет, но потоа Американецот заигра подобро и направи пресврт. Најпрво во вториот сет беше подобар со 7:6, а потоа и во третиот сет со 6:3.