Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На најновата АТП листа Ѓоковиќ останува во водство пред Мареј.
Разликата меѓу нив е иста како и минатата недела, Ѓоковиќ има 12.900 бодови, а Мареј 10.485.
Ѓоковиќ оваа недела ќе ја искористи за последни подготовки за Мастерсот во Париз, кој почнува на 31-ти октомври додека Мареј оваа недела во Виена ќе се обиде да освои 500 бодови.
Потоа, 2-та тенисери играат на Мастерсот во Париз, а потоа следи и крајната пресметка на најдобрите во Лондон. На 2-те натпреварувања победи Ѓоковиќ во 2015-та година и освои вкупно 2300 бодови.
На АТП листата имаше само 2 измени во најдобрите 10, бидејќи Федерер и Монфилс си ги заменија позициите, а исто така и Тим го смени местото со Бердих.
АТП листа:
1. Ѓоковиќ 12.900
2. Мареј 10.485
3. Вавринка 5.820
4. Раониќ 4690
5. Нишикори 4650
6. Надал 4380
7. Федерер 3720
8. Монфилс 3635
9. Тим 3250
10. Бердих 3060