АТП Лондон: Вавринка со одличен сервис подобар од Чилиќ


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Швајцарецот Вавринка го победи Чилиќ во два сетови во второто коло од завршниот Мастерс во сезоната и така стигна до првата победа во Лондон.

    Вавринка, кој беше поразен во првото коло од Кеи Нишикори, против Хрватот победи со 7:6(7:3) и 7:6(7:3) по 1 час и 59 минути игра.

    На тој начин, тој ги задржа шансите за пласман во полуфинале, а се ќе зависи од нивниот дуел со најдобриот тенисер во светот Енди Мареј и средбата помеѓу Нишикори и Чилиќ.