Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По 4 години во кои Ѓоковиќ беше незапирлив на АТП турнирот во Пекинг, титулата оваа година оди кај Енди Мареј.
Англичанецот скоро 2 часа одличен тенис го победи Димитров со 2:0 во сетови, 6:4 и 7:6.
Брејкот кој го направи на почетокот на првиот сет, Мареј го одржи до крај и поведе со 1:0 во сетови. Потоа во средината на 2-от направи нов брејк, но не го искористи својот сервис на 5:4.
Меѓутоа, нова шанса доби во тај-брејкот и го доби натпреварот.
Ова е вкупно 40-та титула за вториот тенисер во светот, а прва во Кина.
Со оваа титула се приближи на Ѓоковиќ во борбата за 1-то место на АТП листата.