Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чешкиот тенисер Степанек го предаде натпреварот проти Кириос без борба во 1/8-финале. Искусниот 37-годишен тенисер не беше во состојба да излезе на теренот, а причина е повреда на грбот.
Милер во својот натпревар беше подобар од Багдатис со 6:3 и 6:4.
Меѓу најдобрите 8 се пласираше и Монфилс, со лесна победа против Симон со 6:1 и 6:4. Исто така и Карловиќ беше подобар од Типсаревиќ со 7:6 и 7:6.
Турнирот во Токио се игра на тврда подлога за награден фонд од 1.386.605 долари.
Вавринка нема да ја брани титулата бидејќи се повлече поради повреда на грбот.