АТП Ченгду: Комплетирани ½-финалните парови!


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Комплетиран е списокот на учесници во ½-финалето на турнирот во Ченгду.

    После Троицки и Каченов, место помеѓу најдобрите 4 обезбедија и Димитров и Рамос.

    Димитров, 21-от играч во светот, се намачи против 70-от Шварцман и после пресврт успеа да стигне до триумф со 4:6, 6:4 и 6:3 за 2 часа и 5 минути.

    Негов противник ќе биде Рамос кој неочекувано го победи 10-от тенисер во светот, Доминик Тим со 6:1 и 6:4 за само 61 минута.

    Во самота во 1-то ½-финале играат Троицки и Каченов од 8 часот, а 3 часа подоцна на теренот ќе се соочат Димитров и Рамос.