Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Плејмејкерот на Бостон Селтикс го повреди колкот на натпреварот од минатосезонското конференциско финале против Кливленд Кавалирс, но вчера тој изјави дека се чувствува одлично.
Ајзеа Томас беше лидер на Бостон Селтикс, тимот кој беше прв на Источната конференција минатата сезона. По повредата во вториот меч од конференциското финале против Кливленд, тој се немаше појавено на терените. Но Ајзеа е еден од најжилавите играчи во НБА и веќе се има опоравено од повредата и вели дека се чувствува одлично.
“Би требало да сум спремен за кампот во септември. Веќе се вратив на тренинзите и почнав да вежбам во теретана, почнав да шутирам и сето тоа. Оваа недела покажав огромен прогрес.” – изјави Томас.
Во минатата сезона тој имаше просек од 29 поени и 6 асистенции по натпревар, со што беше клучен дел од успешната сезона на Селтикси.