Баварците се распрашуваат за фудбалер од кнежеството

Момчето кое експлодира оваа сезона би можел на крајот на сезоната да заврши во Баерн.

Според Л’Екип германскиот клуб има намера да го купи Томас Лемар следното лето.

Овој 21-годишен фудбалер има постигнато 8 погодоци досега и еден од најдобрите фудбалери на Монако.

Лемар во Монако стигна во 2015-та година од Каен. Офанзивец е, а може да напаѓа и по страните.

Ги помина сите младински селекции на репрезентацијата на Франција, а минатата сезона дебитираше и за првиот тим на триколорите.