Баерн Минхен почна преговори со Малком


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Билд“ пренесува дека од редовите на Баерн Минхен започнале интензивни преговори со претставниците на Малком.

20 годишниот играч на Бордо е под договор со Бордо до 2021 година, но призна дека се договорил со неговиот клуб да си замине во летниот преоден рок.

Сериозен интерес за услугите на брзоногиот фудбалер има од лондонските премиерлигаши Арсенал и Тотенхем кои допрва треба да започнат преговори со играчот.

Бордо го проценува Малком на 52 милиони фунти сума која сите три екипи се подготвени да ја платат.