Балотели се нуди на екипите од Серија А


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот играч на Интер, Сити и Ливерпул, Марио Балотели истакна дека би сакал да се врати во Италија следното лето и се понуди на Јувентус и Наполи.

Балотели ја „оживеа“ својата кариера во Ница, а оваа сезона има постигнато 21 гол во дресот на францускиот тим. Договорот на Италијанецот со Ница истекува на лето и тој нема намера да продолжи да игра во францускиот шампионат.

„Мојот агент Раиола се грижи за мојата иднина. Се што знам е дека созреав и дека сум подготвен да се вратам во Италија. Мислам дека ќе биде многу тешко да дојдам во Милан по трет пат,  но Јувентус и Наполи се два тима кои ми се допаѓаат“-коментираше Балотели.