Барса може без Меси, петарда во Хихон!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Барселона ја победија во гости екипата на Спортинг од Хихон со резултат 5:0 (2:0) во шестото коло од Примера лига.

    Каталонците денеска во Хихон играа без Лионел Меси кој се повреди во минатото коло против Атлетико Мадрид.

    Сепак, ни отсуството на најдобриот играч не ја спречи Барселона денеска да запише три бода против Спортинг.

    Барселона од самиот почеток на натпреварот имаше иницијатива на средината на теренот, и одма се виде дека Спортинг тешко ќе ја сочува својата мрежа.

    Каталонската екипа до предност стигна во 29 минуита од натпреварот кога одличната асистенција на Туран ја искористи Суарез кој рутински го совлада голманот на домашната екипа.

    Само три минути подоцна Барселона ја дуплираше својата предност. Серхио Роберто овој пат асистираше, а вториот гол за гостите го постигна Рафиња.

    До крајот на првото полувреме Барса можеше и до трет гол, но Суарез пропушти одлична шанса. Во второто полувреме Каталонците продолжија да ја тресат мрежата на Спортинг, а домаќините не можеа сериозно да се заканат кон голот на гостите.

    Од 74 минута домаќините играа со играч помалку бидејќи втор жолт, односно црвен картон доби Алберто Лора. Барселона во самиот финиш на натпреварот постигна уште три погодоци.

    Нејмар два пати се запиша во листата на стрелците, а еден гол успеа да постигне и Арда Туран. Барселона сега е на првото место со 13 бода, додека Спортинг на 12 позиција со седум освоени бодови.