Барселона со фудбалска лекција за Реал Мадрид на „Бернабе“ (Видео)


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона одиграа одличен натпревар и се пласираа во финалето од Копа Дел Реј откако со 3:0 го декласираа најголемиот ривал Реал Мадрид на „Бернабе“.

Иако Реал Мадрид беше за нијанса подобар во првиот дел не успеа да го пронајде патот до мрежата на Тер Штеген.

Затоа во второто полувреме на теренот постоеше само еден тим, Барселона. Во 50. минута Дембеле асистираше, а Суарез ја затресе мрежата на Навас за 1:0.

Во 69. минута на семафорот стоеше 2:0 откако автогол си постигна Рафаел Варан. Конечниот резултат го постави Суарез со својот втор гол.

Барселона во финалето ќе се сретне со подобриот од вториот двомеч меѓу Бетис и Валенсија.