„Би сакал еден ден Нејмар да дојде во ПСЖ“

Марко Верати вчера изјави дека ќе навива за Јувентус во натпреварот против Барселона.

Фудбалерот на ПСЖ кажа дека ќе биде во Јуве затоа што тоа е клуб за кој навива од детството. Иако ПСЖ испадна од Барселона, тој кажа дека тоа не е причина поради која ќе навива за Јувентус.

Тој исто така одговори на прашањето кој играч од Барселона би сакал да го види во дресот на ПСЖ.

„Нејмар е играч кој би сакал да го видам во дресот на ПСЖ. Оваа година се гледа дека напредувал и според мое мислење на исто ниво е како Лионел Меси. Сигурен сум дека тој ќе биде најдобриот фудбалер во светот. Не е невозможно некогаш да бидеме соиграчи во ПСЖ.“