„Би сакал Сампаоли да ја води Барселона!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Поранешниот играч на Барселона, Христо Стоичков смета дека Сампаоли е идеален кандидат за тренер на Барселона.

Енрике заминува на крајот на сезоната, а токму Сампаоли се споменува во медиумите како негов наследник.

„Ако се прашувам јас, би сакал Сампаоли да биде тренер на Барселона.“

„Тоа што го направи со Чиле не беше лесно, а начинот на кој ја освои Копа Америка е навистина фантастичен.“

„Да е до мене, би го донел поради неговиот победнички менталитет. Но одлуката мора да се донесе по внимателно размислување.“

Сампаоли има договор со Севиља до 2018-та година.