Бивш дефанзивец на Ливерпул добил понуда од Барселона, но на крајот им рекол – „Не“!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека поранешниот стопер на Ливерпул, Мартин Шкртел имал можност да заигра за Барселона, но фудбалерот од Словачка ја одбил таа опција.

Тие поради повредата на Самуел Умтити и слабата форма на Жерар Пике сакале засилување во дефанзивата, но не успеале да го ангажираат.

„Барселона сакаше да потпише со Шкртел, зашто им требаше централен дефанзивец, но тој не се согласи да биде замена за Пике и Умтити“, вели изворот од Шпанија.

Шкртел е многу задоволен во Истанбул и очигледно нема нмаера да замине во друг клуб. Тој е член на Фенербахче од 2016 година.