„Билд“: Реал Мадрид испрати понуда за ѕвезда од Бундеслигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лука Јовиќ на само 21 година е еден од најдобрите еворпски напаѓачи, а пред него следуваат големи предизвици, па доколку продолжи да постигнува голови, тогаш сигурно наскоро ќе потпише за некој гигант.

Овој 21-годишен напаѓач го привлече интересот на Барселона и Реал Мадрид, а „Билд“ денеска пишува дека „кралевите“ испратиле понуда за неговите услуги.

Таа изнесува 45 милиони евра, а би требало да го задоволи бундеслигашот, кој претходно ќе го откупи Јовиќ за сума меѓу шест и 12 милиони евра.

Јовиќ досега одигра 27 натпревари за Франкфурт во сите натпреварувања и постигна 19 голови и четири асистенции.