Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поп-дивата Бијонсе покажува интерес за да го купи тимот од нејзиниот роден град, Хјустон Рокетс откако сегашниот сопственик го стави клубот на продажба.
Минатиот месец, по 24-годишно раководење на тимот, сопственикот Лесли Александер го стави клубот на продажба и очекува од продажбата да заработи некаде околу 2 милијарди долари. Како најсериозен кандидат за купување на Рокетс се појави поп-пејачката Бијонсе која сака да состави конзорциум од инвеститори со цел да се финансира купувањето на клубот но секако таа ќе има доминантен дел од сопствеништвото и акциите.
Оваа приказна ја обелодени Патрик Риш, дописникот за Форбс кој во својата колумна го напиша следното:
“Лесли Александер сега има 73 години. Го купи тимот во 1993 година за 85 милиони долари, освои две титули во првите две години и сега оваа франшиза се проценува на вредност од 1.65 милијарди долари…18 пати повеќе од почетната вредност. Одлична работа, Лесли!”
Бијонсе е една од најпознатите личности во светот но сепак вредноста на нејзиниот имот не е доволно голема за да може самостојно да го купи тимот на Рокетс. Нејзината нето-вредност се проценува на 450 милиони долари.