До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Борусија Дортмунд со официјално соопштение се обрати до јавноста по повод шпекулациите кои го поврзуваат Обамејанг со трансфер во Арсенал.
„Милионерите“ веќе одбија две понуди од 50 милиони фунти за габонскиот интернационалец, но истакнаа дека се заинтересирани да го продадат доколку пристигне вистинска понуда.
„Ние сме подготвени да го спроведеме трансферот, но само според одредени параметри и ако истите целосно се исполнат. Арсенал имаше неколку обиди до сега, а ние ги одбивме сите. Кога ќе бидат исполнети нашите барања, тогаш може да се случи трансфер, доколку не се исполнат Обамејанг ќе игра во Дортмунд до летото и тоа е дискутирано и прифатено со Обамејанг и неговото семејство“- стоеше во дел од соопштението на Борусија Дортмунд.















