Борче Маневски нов играч на Победа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Победа сериозно се засили во пресрет на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Прилепчани официјално го потврдија трансферот на Борче Маневски, еден од најдобрите голгетери во ПМФЛ.

31 годишниот Маневски со Победа потпиша едногодишен договор а доаѓа од екипата на Пемброке од Малта.

„Среќен сум што по 10 години се враќам во Победа, клуб кој ми овозможи развој на кариерата и клуб во кој имав одлична соработка со челните луѓе и посебен однос со навивачката група „Мајмуни“. Се надевам на успешна сезона.“- изјави Маневски веднаш по потпишувањето на договорот со Победа.

Во својата богата кариера Маневски покрај во Победа има настапувано и во Пелистер, Работнички, Вардар, Милано, Горник Лечна (Полска), Банат Зрењанин (Србија), Чаинат, Трат (Тајланд), Балзан и Пемброке (Малта).