Бостон понижен, Кливленд како на тренинг


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кливленд Кавалирс го победија Бостон Селтикс на гости во вториот натпревар од финалето во источната конференција во плеј-офот, 86:130.

Селтикс беа во игра до половината на првата четвртина. Во оваа четвртина Кливленд направи серија од 10:0 и од тој момент домашните повеќе немаа шанси.

Во втората четвртина повторно голема серија на гостите, 29:6, а Бостон како да не постоеше на теренот, па Кливленд на полувреме замина со 72:31, а тоа е најголемото водство на еден во тим на полувреме во историјата на плеј-офот.

Пред крајот на првото полувреме најдобриот кошаркар на Бостон, Ајзиа Томас го напушти теренот поради повреда на колкот, а Кливленд и третата четвртина ја решија во своја корист.

Кливленд во третата четвртина ја префрли бројката од 100 постигнати поени, а предноста на гостите стигна и до 50 поени. Бостон во последната четвртина одигра подобро, но доцна беше, па на крајот беше понижен на домашниот паркет, 86:130.

Џејмс се запиша во историјата, стигна до осмиот плеј-оф натпревар во кој постигнал 30 или повеќе поени, а успеа да го престигне и легендарниот Мајкл Џордан на второто место на листата на кошаркари со најмногу украдени топки во плеј-офот.

Леброн Џејмс со 30 поени, 4 скока, 7 асистенции, 4 украдени топки и 3 блока го предводеше Кливленд. Одлични беа и Ирвинг кој постигна 23, а и Лав кој додаде 21 поен.

Во тимот на Бостон најефикасен беше Џејлин Браун со 19 поени, а Бредли постигна 13, а Хорфорд 11 поени. Ајзиа Томас за 17 минути на паркетот постигна само два поени.