Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Во ноќта од вторник кон среда во најсилната лига на светот беа одиграни 6 натпревари.
За изненадување се погрижија Милвоки, Бруклин и Орландо, кои победија против Кливленд, Клиперс и Сан Антонио.
Милвоки стигна до убедлива победа против Кливленд, а најзаслужен за тоа беше Џианис Антетокунмпо со 34 поени, 12 скокови, 5 асистенции и 5 украдени топки.
Кај Кливленд најдобар беше ЛеБрон Џејмс со 22 поени, 4 скокови и 4 асистенции. Кевин Лав направи дабл-дабл и натпрварот го заврши со 13 поени и скокови.
Бруклин на свој терен го победи Клиперс со 127:122 и тоа по 2 продолженија. Крис Пол со тројка на 1.8 секунди пред крајот на регуларниот дел донесе израмнување за Клиперс, но тие не може ништо повеќе. Шон Килпатрик беше најдобар со 38 поени и 4 украдени топки.
Во редовите на Клиперс најдобар беше Крис Пол со трипл-дабл, односно 26 поени, 13 асистенции и 10 скокови. Џордан постигна 21 поен и дури 23 скокови.
Орландо како гостин го победи Сан Антонио со 95:83, а во своите редови имаа 5 играчи со двоцифрен број на поени. Најдобар беше Ибака со 18 поени и 7 скокови, а кај домаќинот Леонард постигна 21 поен.
Останати резултати:
Шарлот – Детроит 89:112
Бруклин – Клиперс 127:122
Милвоки – Кливленд 118:101
Њу Орлеанс – Лејкерс 105:88
Сан Антонио – Орландо 83:95
Јута – Хјустон 120:101