Бубања: Во победата против Вардар пресуди карактерот на фудбалерите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шефот на стручниот штаб на Победа, Славољуб Бубања ја честиташе победата на своите фудбалери над големиот фаворит Вардар.

Бубања по денешниот тренинг во изјава за медиумите истакна дека очекувал Вардар да биде уморен по натпреварот со Сосиедад и дека трите бодови се значајни за зголемување на самодовербата на тимот.

Како што истакнав и во најавата за натпреварот, Вардар беше изразит фаворит. Ние поради состојбата на табелата моравме да се обидеме да направиме резултат. Очекував дека Вардар ќе биде уморен и истрошен по мечот со Реал Сосиедад во Лига Европа, иако имаше одредени ротации и замени со кои екипата беше освежена. Ние од самиот почеток знаевме што сакаме, го контролиравме првиот дел во кој Вардар го сведовме само на еден шут-на Блажевски во 2-та минута, и тоа во ситуација по наша грешка. Во вториот дел бевме подобри, дури и во поседот на топка имавме изгледни шанси да ги казниме и да славиме поубедлива победа. Сепак не ги искористивме, но на мое задоволство играчите ги спроведоа задачите на теренот и до крајот го контролиравме натпреварот. Вчера најмногу пресуди карактерот. Во овај тим евидентен е прогресот но и се гледа дека има уште многу простор за подобрување. Сигурно еден цврст карактер кој го поседуваат 80% од играчите  ако го покажуваат од тренинг на тренинг, од натпревар на натпревар, постојано, тогаш единствено можеме да направиме успех.

Ова се многу значајни три бодови, можеби повеќе за поголема самодоверба. Реков и ќе повторам дека ние не живееме од победа над Вардар, тој меч мораме да го заборавиме бидејќи во среда не чека Шкупи, натпревар кој е многу значаен за нас и да се свртиме целосно со мислите и работата за тој дуел“- коментираше Бубања.

Стратегот на Победа исто така изјави дека кој губи има право да се лути по изјавите на Чеде Јаневски дека теренот во Могила бил главен виновник за поразот на Вардар.