До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италија и Аргентина вчера одиграа пријателски натпревар во рамките на подготовките за Светското првенство во Русија. За жал „азурите“ нема да бидат на најголемата фудбалска смотра, а искрените љубители на фудбалот најмногу ги погоди фактот што нема да го гледаат Џиџи Буфон на Светското првенство.
Буфон е во 40тата година од својот живот, а ова беше последна негова шанса да одигра за својата селекција на едно големо натпреварување.
По неуспехот во квалификациите Џиџи најави и репрезентативна пензија, но се одлучи да го прифати повикот на Ди Биаџо за пријателските средби во месец март.
Така против Аргентина Буфон го одигра својот 176 натпревар во дресот на репрезентацијата на Италија. Искусниот чувар на мрежата е на првото место меѓу активните играчи по бројот на настапи во репрезентацијата, а пред него се само Клаудио Суарес (Мексико 177), Мухамед Ал Далија (Саудиска Арабија, 178) и Ахмед Хасан (Египет, 184).
Дебито во репрезентативниот дрес Буфон го имаше на 29 октомври 1997 година во натпревар против репрезентацијата на Русија.















