Валенсија најдобар во ноември во Манчестер Јунајтед


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Антонио Ванелсија е прогласен за најдобар играч во клубот за месец ноември од страна на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Дефанзивецот успешно се врати на теренот по операцијата, а со својата добра форма целосно ги задоволи навивачите на Манчестер Јунајтед кој го прогласија за играч на месецот.

„Не сум изненаден од неговата форма оваа сезона. Не имаше проблем со повредите се до операцијата, а и јас исто така бев во можнсот да го одморам на некои натпревари“, изјави Мурињо за Валенсија кој сакаше да го донесе и додека беше менаџер на Реал Мадрид.

Овој 30-годишен фудбалер му го превзеде првото место во тимот на Матео Дармиан на позцијата десен бек.