Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Македонија загуби од Шпанија во натпревар од четвртото коло од групата Б со 25:29
Гол за гол се играше до резултатот 4:4. Фигуерас и Фернандез погодија за 4:6. Гвардиола и Томас зголемија на 5:8.
Лазаров, Трајковски и Миркуловски го израмнија резултатот, 8:8. Со трите погодоци во низа Македонија стигна до водство на натпреварот, 11:9.
Два атрактивни погодоци на Кирил Лазаров видовме. Миркуловски и Георгиевски пет минути пред крајот на натпреварот зголемија на 14:11. До крајот на првото полувреме три погодоци во низа на шпанците за на полувреме да биде нерешено, 14:14.
Двата погодоци во низа на Ривера му донесоа водство на Шпанија на стартот на второто полувреме, 15:16. Морос и Ривера во 42-ра минута зголемија на 18:20.
Миркуловски и Маркоски со двата погодоци во низа намалија на 21:22. Четирите погодоци во низа на Ривера и Сармиенто му донесоа предност на Шпанците од пет погодоци, 22:27 шест минути пред крајот на натпреварот.
Нелоски и Манасков намалија на 24:28 три минути пред крајот. Шпанија на крајот славеше со 25:29.
Валеро Ривера со 11 погодоци ја предводеше Шпанија до победа. Голем допринес во победата имаше и голманот, Гонзало Перес Де Варгас кој го заврши натпреварот со 13 интервенции. Кирил Лазаров беше најефикаснен кај Македонија со 6 погодоци. Никола Маркоски постигна 5, Филип Миркуловски постигна 4, Стојанче Стоилов и Гоце Георгиевски по 3, Дејан Манасков постигна 2, Марко Нелоски и Благојче Трајковски по 1 погодок.