Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холандскиот тренер Луи Ван Гал изјави дека нема намера да се врати во клупскиот фудбал освен ако не се случи една работа.
Единствен повик кој би можел да го промени тоа е на некој великан од Премиер Лигата. Причината е да се реваншира на поранешниот клуб Манчестер Јунајтед поради отказот кој му го врачи пред една и пол сезона.
„Најверојатно нема да водам ниту еден тим. Доколку се случи да прифатам таква понуда, ќе биде од силен тим од Англија, само за да го срушам Јунајтед“ –истакна Ван Гал за холандскиот весник „Телеграф“.
По заминувањето од „Олд Трафорд, Холнаѓанецот нема ангажман а медиумите пренесуваат дека би сакал да седне на клупата на Арсенал или Челси.