Вардар ги собира најдобрите Мак. Фудбалери: Агим Ибраими би можел да го облече црвено-црниот дрес ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

 

Денеска е последниот ден од трансфер маркетот, а нашиот шампион Вардар, ги разгледува сите можни опции за засилување.

Новиот тренер на Вардар, Чедомир Јаневски, изразил желба во својот тим да го види, Агим Ибраими, репрезентативецот на Македонија.

Јаневски во своето време додека беше селектор на Македонската репрезентација имаше многу добар однос со фудбалерот, кој ја користеше укажаната доверба од Јаневски и постигнуваше голови за националниот тим.

Ибраими моментално е во втор план кај тренерот на Астана, па затоа е незадоволен од свјот статус во клубот и би можел да му се приклучи на Вардар.

Шкендија се споменуваше како следна дестинација за играчот, но со оглед на тоа што Вардар игра во Лигата на Европа, неминовно е дека ако пристигне понуда тој ќе го облече дресот на Вардар.