Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ракометарите на Вардар победија против Веспрем во Брест во финалето во СЕХА, 26:21.
До 11-та минута од натпреварот резултатот беше израмнет, 11:11. Борозан и Фереира донесоа водство од два погодоци на Вардар, 6:4. Веспрем преку Илиќ го израмни резултатот, 6:6. Дибиров и Марсениќ го вратија водството на Вардарци од два погодоци, 10:8. Пред крајот на првото полувреме Нилсон и Наџ погодија за нерешено, 11:11.
Канељас и Марсениќ зголемија на плус два за Вардар, 15:13. Вардар преку Дибиров и Фереира зголеми на плус три, 17:14. Палмарсон, Гајиќ и Иванчик го израмнија резултатот, 17:17. Вардарци постигнаа пет погодоци во низа, 22:17 на десет минути пред крајот на натпреварот. Пет минути пред крајот на натпреварот Вардар имаше плус шест, 24:18. Вардар на крајот победи со 26:21.
Тимур Дибиров и Жоан Канелјас со по 5 погодоци го предводеа Вардар до победа. Мијајло Марсениќ додаде 4, Вуко Борозан и Лука Циндриќ по 3, Рожерио Фереира Мораеш 2, Стојанче Стоилов, Алекс Дујшебаев, Иван Чупиќ и Хорхе Македа по 1 погодок. Момир Илиќ го заврши натпреварот најефикасен кај Веспрем со 5 погодоци.