Вардар му се реваншира на Загреб за поразот во Хрватска – Македонскиот шампион е на врвот во групата Б


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометарите на Вардар во СЦ Јане Сандански го победија Загреб со 25:20 во натпревар од десетото коло во ЛШ.

Фуриозно го започнаа натпреварот Вардарци со серија од пет погодоци, 5:0. Гостите со два погодоци во низа намалија на 7:3.

Вардарци одговорија на серијата на Загреб со три погодоци во низа и стигнаа до водство од шест погодоци, 10:4. На полувреме ракометарите на Вардар имаа шест погодоци предност, 14:8.

 

Почетокот на второто полувреме донесе седум погодоци предност на Вардар, 16:9. Потоа се играше гол за гол подолго време.

При резултат 21:14, ракометарите на Загреб постигнаа три погодоци во низа и намалија на четири негатива, 21:17.

Вардарци со два погодоци во серија стигнаа до водство од шест погодоци, 23:17. Четири минути пред крајот на натпреварот Вардар имаше водство од 4 погодоци, 23:19.

Македонскиот шампион на крајот победи со 25:20.

Алекс Душебаев го предводеше Вардар со 7 погодоци. Лука Циндриќ и Игор Карачиќ постигнаа по 4, Иван Чупиќ 3, Тимур Дибиров и Данил Шишкарев по 2, Стојанче Стоилов, Хорхе Македа и Александер Деревен по 1 погодок. Голманот на Вардар, Арпад Штербик натпреварот го заврши со 12 одбрани. Кај Загреб најефикасен беше Добривоје Марковиќ со 6 погодоци.

Седма победа за Вардар оваа сезона во ЛШ и искачување на првата позиција на табелата во групата Б.