Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Завршија три НБА плеј-оф натпревари.
Вашингтон Визардс стигна до победа против Атланта Хокс, 115:99.
Визардс одлично го започнаа натпреварот, а на полувреме заминаа со 22 поени предност. Сепак во последната четвртина Атланта се враќаше и неколку пати стигнуваше до три поени негатива. Кошаркарите на Вашингтон не ја испуштија предноста и со одлична серија во втората половина од последната четвртина ја вратија двоцифрената предност и победија, 115:99. Џон Вол го заврши натпреварот со 42 поени, 1 скок, 8 асистенции, 4 украдени топки и 2 блока, а Бредли Бил додаде 31 поен, 3 скока, 3 асистенции, 3 украдени топки и 1 блок. Одличен беше и Маркиф Морис кој постигна 17 поени, а кај Атланта најефикасен беше Пол Милсап со 31 поен, 10 скока, 7 асистенции, 4 украдени топки и 1 блок. Одличен натпревар одигра и Денис Шродер кој го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок, 26 поени и 10 скока. Вашингтон се пласира понатаму со вкупен резултат 4:2.
Бостон Селтикс лесно стигна до победа против Чикаго Булс, 105:83.
Селтикс имаа водство од самиот почеток на натпреварот, а Булс во ниту еден момент не успеаа да ги загрозат гостите. Предноста на Бостон од половината на третата четвртина и поголем дел од четвртата беше околу 30 поени. На крајот Бостон победи со 105:83. Најефикасен кај Бостон го заврши натпреварот Ејвери Бредли со 23 поени, 5 скока и 3 асистенции. Џералд Грин додаде 16 поени, Томас, Хорфорд и Кроудер по 12 поени. Кај Чикаго солиден натпревар одигра Џими Батлер кој постигна 23 поени. Освен Батлер двоцифрен учинок имаше и Лопез кој постигна 10 поени. Бостон се пласира понатаму со вкупен резултат 4:2.
Лос Анџелес Клиперс ја совладаа Јута Џез, 98:93.
Домашните во Солт Лејк подобро го започнаа натпреварот. Џез пред крајот на првата четвртина ја имаа најголемата предност на натпреварот, девет поени. Потоа таа предност се стопи до крајот на првата четвртина. Од почетокот на втората па се до половината на третата ниту еден од тимовите не направи значајна предност. Клиперс влегоа во добра серија, тимот на Док Риверс го презеде водството и не го испушти до крајот. Минута пред крајот на натпреварот Јута намали на шест негатива, а 43 секунди Хејвард погоди тројка за 96:93, а во следниот напад по шансата за израмување Џонсон не погоди тројка. Кошаркарите на Јута го фаулираа Крис Пол кој ги погоди двете слободни фрлања и ги постави конечните 98:93. Кај Клиперс одличен натпревар одигра Крис Пол, 29 поени, 3 скока, 8 асистенции и 2 украдени топки. Него му се придружија со по 13 поени, Мбах, Риверс и Џордан. Во поразениот тим најефикасен беше Хејвард со 31 поен.