Венгер не е прв избор на Реал Мадрид, Аргентинец го наследува Зидан


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Како што дознава Скај Спортс, прв избор на управата на клубот за тренерската позиција во Реал Мадрид ќе биде Маурисио Покетино.

Сепак, Скај Спортс пренесува дека од Реал се уште немаат контактирано со Покетино кој го продолжи договорот со Тотенхем минатата недела.

Во новиот договор на одличниот стратег нема откупна клаузула, па така од таборот на „Кралевите“ ќе треба да се договараат и со Тотенхем околу оштетата што треба да ја исплатат на клубот од Лондон.