Венгер одбил да се врати во Премиерлигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, имал шанса да се врати во Премиерлигата, но тој одбил таква можност, иако добил понуда.

Фулам го отпушти Славиша Јокановиќ вчера, а на негово место го постави Клаудио Раниери, кој ќе се обиде да го спаси клубот од испаѓање од Премиерлигата.

Сепак, лондонскиот гигант имал друга идеја, односно тие сакале да го ангажираат Венгер, кој решил да ја одбие нивната богата понуда затоа што не сака повторно да работи во Англија.

Наводно, Французинот кажал дека не може да води друг клуб во Англија освен Арсенал, па поради тоа ќе си ја побара среќата на друго место.