Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Арсен Венгер призна дека размислувал да го напушти Арсенал ова лето поради лични причини.
Сепак Французинот се согласи на нов договор и во следните две сезони ќе остане тренер на „топчиите“.
„Да, се двоумев дали да го продолжам договорот. Во Арсенал бев 20 години и се прашував дали треба да продолжам да го водам клубот. Бевме прилично лоши минатата сезона“- коментираше Венгер за „Телефут“.
Венгер беше под голем притисок откако минатата сезона Арсенал не успеа да обезбеди место во Лигата на шампионите.