Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот тренер Арсен Венгер, наводно, е блиску до потпис на договор со екипата на Милан.
Странските медиуми пишуваат дека Џенаро Гатузо ќе добие отказ, иако во последно време има добри резултати.
Според шпекулациите се споменува и првото засилување кое Французинот го сака во редовите на „Росонерите“, а тоа би требало да биде Златан Ибрахимовиќ, кој беше фантастичен и во Лос Анџелес галакси.
Да потсетиме, Ибра во минатото играше за Милан дури две години и за тоа време ги освои Серија А, како и Суперкупот.
Инаку, преговорите со Венгер наводно биле завршени, а со Ибрахимовиќ биле во тек.